домаМакедонијаМицкоски очекува позитивна оценка за реформската агенда – Рокас: Консензус за изборниот...

Мицкоски очекува позитивна оценка за реформската агенда – Рокас: Консензус за изборниот законик

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија да биде позитивно оценета во  јунскиот извештај за исполнувањето на реформската агенда и со тоа да биде вклучена во групата приоритетни земји за распределба на фондовите заедно со најнапредните кандидати. Тој истакна дека во таквата распределба нашата земја би можела да добие уште 100 милиони евра.

„Ние до сега имаме нешто над 140 милиони и овие стотина ќе дојдеме до кај 240м, ако ги добиеме под услов. Мене ме радува и охрабрува информацијата која што вчера ја донесе еден европски медиум дека се погласни се изјавите од страна на високи европски политичари кои што ќе овозможат топ-ап, односно додавање на сумата за три земји од Западен Балкан 6 групата кои што се понапредни во делот на испорачување на реформската агенда“, рече Христијан Мицкоски.

Евроамбасадорот Михалис Рокас вели дека од она што е исполнето од реформската агена може да се каже дека има добри резултати, за кои како што истакна ќе треба да се произнезе Европската комисија по завршувањето на летните одмори.

„Она што е важно дека вклучително сите 51 чекор има напредок, Јас сум убеден и гледам забрзување на реформите и секако треба да почекаме и да видиме сите резултати и одлуки на проценки кои Европската комисија треба да ги даде по летните одмори“, вели Михалис Рокас.

Како дел од Реформската агенда која што остана неисполнета е Изборниот законик, кој е блокиран од опозицијата. Рокас вели дека предложениот текст е добар, но дека е потребна добра волја на партиите за да се надминат несогласувањата.  Премиерот Мицкоски пак вели дека тој е блокиран од опозицијата но сепак очекува дека ќе најдат модалитет кој што ќе биде прифатлив.

„Имаме однесување неодговорно од страна на опозицијата какво што имаме но ние сме подготвени, јас тоа го кажав и вчера во интервју да седнеме повторно да разговаравме во делот на гласање на дијаспората како да го подобриме тој процес.  Да најдеме модалитет да биде во обем многу поголемо со што би заштедиле пари, еве нека биде со писма, по пошта, било како да најдеме форма како да го интензивираме гласањето на дијаспората“, порача Христијан Мицкоски.

„Изборниот законик како што знаете како што знаете се уште има дискусии меѓу политичките партии кои се одвиваат во моментов, потребно е да се постигне консензус. Законот сам по себе е добар“, вели Михалис Рокас.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img