Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека техничката влада ќе остане за следните парламентарни избори, но ќе биде укината за изборите по нив.
Според него, ова значи дека и на наредното гласање ќе има преодна влада со учество на опозицијата.
Мицкоски смета дека противењето од СДСМ и Венко Филипче произлегува од страв од нов изборен пораз. Тој нагласи дека по следните избори победничката партија ќе владее без техничка влада. Дополнително, порача дека ако СДСМ победи, тие ќе формираат влада, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опозиција. Според него, аргументите против измените се нелогични.








