5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМицкоски: Континуиран раст на БДП

Мицкоски: Континуиран раст на БДП

- Advertisement -spot_img

Континуиран раст на бруто домашниот производ и индустриското производство и во третиот квартал. Од почетокот на годината скок бележат земјоделството, индустриското производство, извозот, туризмот, градежништвото. Пред нив предничи преработувачката индустрија. Растот на индустриското производство останува на 4, 1 процент. Премиерот Мицкоски очекува ваквите бројки да продолжат и во наредните месеци, и како што рече, граѓаните многу скоро ќе ги почувствуваат бенефитите.

Опозициската СДСМ со критики за економските политики на власта. Лидерот на партијата Филипче на социјалните мрежи објави економски параметри кои според него, покажуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ е двојно послаба од владата на социјалдемократите во полето на странските инвестиции.

„Во првата половина од 2025 странските инвестиции се преполовени во однос на првата половина од 2024, кога СДСМ беше на власт. Со овој податок пропаѓа и последната излитена пропаганда на власта, дека во Македонија се случува инвестициски бум. Секојдневно пропаѓа и митот за наводната економска способност на ВМРОДПМНЕ“, – напиша Филипче.

Со СДСМ пензионерите губеа 7 години, со ВМРО-ДПМНЕ добиваат, возвраќаат од владејачката партија. Најавено ново зголемување на пензиите. 1.000 денари во октомври и уште 1.000 в година во април.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img