Премиерот Христијан Мицкоски, во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше за проектот „Сејф Сити“. Тој рече како доаѓа први февруари, кога се очекува и официјално да се почне со изрекување на казни, така се намалува бројот на регистрирани прекршоци.
„Податоците велат дека на 23 јануари регистрирани се над 15.000 прекршоци, додека на 24 јануари 14.000. Така што како доаѓа први февруари, се регистрираат се помал број на прекршоци“, рече Мицкоски.









