Не можеме да го оспориме правото на референдум кое го бара СДСМ за рудникот за антимон во Крива Паланка, вели премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање по реакцијата на опозициската партија од каде нагласија дека ќе бараат локален референдум и исполување на стриктни услови за отворање на рудникот.
– Правото да побара секој референдум е уставно загарантирани и ние не можеме да спориме, она што мене ме зачудува е фактот дека граодначалникот на Крива Паланка од СДСМ има спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ. Јас и денес комуницирав со него, неговиот став е сосема спротивен. Овој проект е дел од стратешкото партнерство со САД, финансиран делумно од САД, мора да ги исполнува условите и за тоа лично гарантирам, а гарантираат и инвеститорите. Градоначалникот мисли дека овој проект е стратешки за државата и локалното население, посебно имајќи фо предвид економскиот бенефит за тој крај кој е типично рударски, вели Мицкоски.








