HomeМакедонијаМицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека мозоци на починати македонски државјани со психијатриска дијагноза биле транспортирани во САД за медицински истражувања.

„Не би коментирал јавно било што додека не добиеме поконкретно. Сепак е состојба што се случувала пред неколку децении. Да оставиме на обвинителството и истрагата да одговорат“, изјави Мицкоски на новинарско прашање.

Претходно денеска Јавно обвинителство соопшти дека, врз основа на повеќе информации објавени во медиумите, оформило предмет по допрен глас поради наводи поврзани со документите од случајот со Џефри Епстин.

Од Обвинителството информираа дека наводите упатуваат оти примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани во САД за научно-истражувачки цели.

„Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од институцијата.

Предметот е доставен на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое треба да преземе дејствија за прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, со цел да се утврди дали постоело евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, како и можни пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности.//Извор Макфакс.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img