9.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМицкоски ќе оди на средба во ССМ - ама со услов, УПОЗ...

Мицкоски ќе оди на средба во ССМ – ама со услов, УПОЗ да прифати раст на платите до 2028-та

- Advertisement -spot_img

Премиерот прифаќа да се потпише колективниот договор за зголемување на платите за 40%, но не како што побараат синдикалците во февруари туку покачувањето на платите да биде етапно за две години.

Мицковски изјави дека понудата е веќе на маса и доколку ССМ ја прифати – средбата може да се одржи било каде.

Синдикалниот лидер на УПОЗ Трпе Дејановски, вели дека уште утре ќе прифатат средба и потпишување на колективниот договор со премиерот кој како што рече одлучил после протестите на ССМ да каже дека е прифатлив предлогот за зголемување на платите на администрацијата

За зголемување на минималната плата на сите работници – Мицковски повтори дека ставот на владата е јасен. Работниците и работодавачите се тие кои што треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само посредник, посочи премиерот.

Покачување на платите денеска главна тема на политичките партии

ВМРО ДПМНЕ го нападна раководствот на ССМ дека работат по партиски директиви на СДС и Левица, наместо во интерес на работниците.

ВМРО ДПМНЕ

– Синдикалните лидери го одбија владиниот предлог кој предвидува зголемување на платите за над 10.000 денари, односно раст од 40% до 2028 година. „ССМ бара 600 евра минимална плата, добива и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и истата ја одбива. Само затоа што се политички марионети на СДС и Левица“,

ОД СДСМ порачаа дека платите на сите работници треба да се зголема веднаш, а не за неколку години како што говорат владините најави и проекции.

СДСМ

– На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“. Последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила

Работниците и синдикатите пред два дена излегоа на масовен протест преку кој побараа линеарно зголемување на сите плати за 100 ева и минималец од 600 евра.

Претседателот на ССМТрендафилов го повика премиерот на средба во понеделник за да го потпише колективниот договор за зголемување на платите на работниците. Ако Мицкоски не се појави во домот на работниците, синдикалците најавија масовни протести.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img