15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМЕРМС: Новиот законот за енергетска ефикасност ќе донесе заштеда и подобар квалитет...

МЕРМС: Новиот законот за енергетска ефикасност ќе донесе заштеда и подобар квалитет на живот за граѓаните

- Advertisement -spot_img

Собранието го усвои новиот Закон за енергетска ефикасност, со кој се поставуваат темели за систематски пристап кон намалување на потрошувачката на енергија, заштита на животната средина и приближување до европските стандарди во оваа област.

Законот содржи јасни правила и обврски за:

  • Обновување на јавни и станбени згради со цел да станат поефикасни и поекономични;
  • Воведување на енергетски менаџмент во јавниот сектор;
  • Финансиски инструменти и фондови за поддршка на домаќинствата и компаниите во инвестиции во енергетска ефикасност;
  • Поттикнување на зелени технологии и користење на современи изолациски материјали и системи за греење и ладење.

Со примената на законот, се очекува:

  • Намалување на сметките за електрична енергија и греење за граѓаните и фирмите;
  • Подобрување на квалитетот на воздухот, преку поефикасно искористување на енергенсите и намалување на емисиите;
  • Зголемување на конкурентноста на македонската економија преку усогласување со европските директиви и стандарди;
  • Јакнење на енергетската независност, со намалување на увозот и поефикасно користење на домашните ресурси.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) истакнува дека ова е клучен чекор во процесот на усогласување со ЕУ директивите во енергетиката и во борбата против климатските промени. Со законот, Македонија испраќа порака дека е подготвена за сериозни реформи и за одржлив енергетски развој.

По стапувањето во сила на законот, институциите ќе изготват подзаконски акти и правилници, а ќе бидат воспоставени и механизми за мониторинг и контрола на неговата примена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img