1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити: Жените се двигател на промени во Чаир

Меџити: Жените се двигател на промени во Чаир

- Advertisement -spot_img

Првиот вицепремиер и кандидат на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со магистерката по Политички науки и Дипломатија, Филиз Ндоци, и група жени кои решија да се приклучат на ВЛЕН.

Меџити нагласи дека жените во политиката често остануваат невидливи и нивниот придонес не се вреднува доволно, иако нивната улога е клучна за развојот на општеството. Тој истакна дека присуството на жени носи нови перспективи, чувствителност кон реалните проблеми и решителност за нивно надминување.

„Политиката без жени е непотполна. За да изградиме силна и праведна заедница, потребни се гласови како овие жени, присутни и одлучни. Кога жените се вклучени, промената станува реална и одржлива,“ изјави Меџити.

Средбата е доказ дека ВЛЕН гради инклузивна политика, каде жените не се само учесници, туку клучни фактори на промените во Чаир и пошироко.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img