Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети изградбата на новата водоводна мрежа на улицата „Аврам Писевски“ во населбата Гази Баба. Проектот се реализира преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а се инвестира во нова водоводна инфраструктура на улицата.

Денес беа посетени градежните активности на терен, каде што се изведуваат работи за целосна замена на дотраената водоводна мрежа. Со овој проект, жителите на овој дел од Скопје ќе добијат сигурно и стабилно снабдување со чиста вода за пиење, што претставува значаен чекор кон подобрување на условите за живот.

„Ова е доказ дека кога има координација и посветеност, резултатите се видливи и реални. Инвестираме во современа инфраструктура која ќе обезбеди квалитетен и безбеден водоводен систем за многу години напред,“ истакнаа надлежните.

Од Министерството додаваат дека не остануваат само во канцеларија, туку излегуваат на терен, разговараат со граѓаните и се грижат секое ветување да се претвори во конкретен и опиплив резултат.

Проектот претставува уште една потврда за заложбата на институциите да се инвестира во основната инфраструктура како предуслов за подобар и поздрав живот на граѓаните.









