10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити: Војната на УЧК во Косово и Македонија беше праведна и разумна

Меџити: Војната на УЧК во Косово и Македонија беше праведна и разумна

- Advertisement -spot_img

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името „Правда за ослободителите“, организиран од страна на Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.

Во објава на социјалните мрежи Меџити нагласи дека не сака да ја користи оваа голема кауза за изборни цели, бидејќи според него, борбата за слобода и правда е многу поважна од какво било политичко натпреварување.

„Мојот став беше и останува непоколеблив: Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“, истакнал членот на коалицијата ВЛЕН.

Тој оценил дека Косово денес е суверена и функционална држава во секој агол од својата територија, нагласувајќи дека „паралелните структури на северот од Косово се елиминирани, додека институциите на Република Косово се консолидирани“.

Меџити, исто така, ги критикувал политиките на иницијативата „Отворен Балкан“ и политичката класа која, според него, направила компромис со територијата, богатството и правдата. Тој оценил дека денес Косово го водат лидери кои не се пазарат со државните и националните интереси.

Протестот во Приштина се одржа „против неправдата“ што наводно ја извршил Специјализираниот совет на Косово во Хаг против поранешните водачи на ОВК и УЧК кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Еден од говорниците на протестот беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img