Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со раководството на хуманитарната организација „Kalliri i Mēresia“ од Скопје, на која беше потенцирана важноста на грижата за луѓето и солидарноста како темел на успешната локална заедница.
На средбата се разговараше за помошта што организацијата ја обезбедува за семејствата во социјален ризик и за потребата од институционална соработка, со цел хуманоста да се претвори во конкретни активности и системска поддршка за најранливите категории граѓани.
„Општината не се мери само со инвестиции и инфраструктурни проекти, туку и со грижата за луѓето и солидарноста што ја градиме секој ден“, порача Меџити, нагласувајќи дека Општина Чаир останува отворена за соработка со сите иницијативи кои промовираат човечност и општествена одговорност.
Од Општина Чаир истакнуваат дека ваквите партнерства се важен чекор кон создавање похумана, посолидарна и поинклузивна локална заедница.









