Со ентузијазам и присуство на голем број граѓани, коалицијата ВЛЕН вечерва го отвори новиот штаб во месниот огранок „7 Март“ во населбата Серово.

Во новите простории, како што истакна првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, ќе се собираат идеи, ќе се слуша гласот на граѓаните и ќе се преточуваат во политичка акција. „Ова ќе биде симбол на нашата посветеност, енергија и визија за големата победа на 19 октомври,“ порача Меџити.

Тој нагласи дека новиот штаб ќе биде место каде што ќе се гради соработка врз доверба и надеж меѓу граѓаните, како и центар каде што ќе се обликува визијата за иднината на Албанците.
„Промената веќе започна и секојдневно станува реалност. ВЛЕН е гаранција за чесна и посветена политика кон народот,“ изјави Меџити, повикувајќи на единство и заедничка работа за, како што рече, „победа што вреди повеќе кога се споделува“.
Отворањето на новиот штаб во Серово е дел од кампањата на ВЛЕН за локалните избори, со цел да се зајакне контактот со граѓаните и да се приближат политичките активности до секоја урбана заедница.









