-3.2 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМеџити: Кандидатурите на Левица во албанските општини се дел од сценарио координирано...

Меџити: Кандидатурите на Левица во албанските општини се дел од сценарио координирано со ДУИ

- Advertisement -spot_img

Првиот вицепремиер на Македонија и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека кандидатурите на Левица во албанските општини не се независен политички потег, туку резултат на долгорочната соработка со ДУИ.

„Треба да се има предвид дека неколку години, односно за време на овој мандат, коалицијата на ДУИ со Левица и со Данела функционираше. Не можам да кажам успешно, затоа што тоа е најлошото раководство што ја познава историјата на Скопје, но како коалиција тие функционираа, делеа власт таму, ги делеа директорите. Значи Апасиев, Данела и Ахмети функционираа досега,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека настапот на Левица во албанските градови е директно поврзан со заедничките интереси со ДУИ.

„Кандидирањето на кандидатите на Левица во албанските градови е во функција и во интерес на нивната соработка со ДУИ,“ нагласи Меџити.

Според него, ова претставува уште еден доказ за тесната поврзаност меѓу двете партии, која, како што вели, е насочена кон зачувување на локалната власт, а не кон реални интереси на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img