HomeМакедонијаМеѓународниот секретар на СДСМ не ја виде Барселона, други отидоа да се...

Меѓународниот секретар на СДСМ не ја виде Барселона, други отидоа да се сликаат на ПЕС

- Advertisement -spot_img

Секретарот за меѓународни односи на Бихаќка, Андреј Жерновски, не ја виде Барселона каде деновиве се водеше партиска дипломатија на Европските социјалисти каде членува и СДСМ.

На конгресот на европските социјалистички партии (PES), партискиот претседател на СДСМ Венко Филипче беше придружуван од две дами, потпретседателката Фани Каранфиловска и Ана Чупеска од Советот на интелектуалците на СДСМ.

За човекот кој по фунција треба биде главен при меѓународна соработка немаше место во делегацијата на СДСМ во Шпанија.

Засега нема официјално објаснување зошто Жерновски кој е партиски лидер за меѓународни односи практично стана меѓународен секретар за по дома.

И партиски членови коментираат дека е чудно како на овој настан немало место за секретарот за меѓународна соработка кој е и член на Извршниот одбор на партијата.

Според членовите засега нема јавно диатанцирање на Филипче од Жерновски но не треба да се исклучи сценариото за тивка елиминација на Жерновски кој важи за еден од луѓето на Бихаќка кој по неколкуте гафови има сериозен проблем со популарноста во јавноста.

Другото сценарио според партиски извори е Жерновски да добил задача да глуми дипломатски актер само на домашната сцена каде треба да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ а меѓународната активност да оди преку каналите и структурата на Сорос каде доминантна е потпретседателката Каранфиловска Панова.

Дел од набљудувачите пак на полушега велат дека додека Жерновски не ги научи кратенките на меѓународните организации и институции ќе седи дома.

Можеби Филипче не бил сигурен дека Жерновски знае точно што значи кратенката PES, за да не се збуни како со NATO кога не знаеше што значи оваа кратенка, коментираат луѓе блиски на Бихаќка на кои не им е јасно зошто Жерновски беше именуван за високата партиска функција кога не е потребен на главниот меѓународен настан на СДСМ оваа година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img