9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМеџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова...

Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој

- Advertisement -spot_img

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината.

Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет, а секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура.

„Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, рече Меџити.

Според градоначалникот Изет Меџити, на овој начин се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, поставувајќи го Чаир на патот на урбана трансформација и одржлив развој. Граѓаните веќе одблиску ги гледаат првите резултати од едно владеење со визија, посветеност и транспарентност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img