9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМеџити: Чаир ќе добие Младински Центар – дом на идеи, иновации и...

Меџити: Чаир ќе добие Младински Центар – дом на идеи, иновации и креативност

- Advertisement -spot_img

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со кандидатот за советник Аритон Рама, денес ја претставија иницијативата за изградба на Младински Центар – еден од клучните проекти од нивната изборна програма.

Меџити изјави дека ова е еден од најзначајните проекти во неговата визија за Чаир, со цел младите да добијат простор за развој, креативност и иновации.
„Чаир располага со огромно младинско богатство, со талентирани млади девојки и момчиња кои заслужуваат повеќе од зборови – заслужуваат вистински можности, поддршка и простор за развој. Затоа, изградбата на Младинскиот центар ќе биде апсолутен приоритет на мојот мандат,“ истакна Меџити.

Четири нивоа за младински развој

Кандидатот за советник, Аритон Рама, ги претстави деталите за содржината на објектот, кој ќе биде изграден на четири функционални нивоа:

Библиотека и сала за предавања – за учење, истражување и културни настани;

Дигитален центар – со лабораторија за вештачка интелигенција, бесплатни обуки по програмирање и дигитална писменост, како и простор за стартапи и младинско менторство;

STEM академија – за обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката;

Простории за театар, советување и креативни активности – каде младите ќе имаат слободен простор за изразување.

Чаир како центар на иновации

Меџити и Рама порачаа дека со реализација на овој проект, Чаир ќе стане центар на иновативност, образование и младинска креативност. „Младите ќе имаат место каде ќе учат, ќе се развиваат и ќе ја градат својата иднина,“ истакнаа тие.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img