-2.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeТехнологијаМаск поднесе барање

Маск поднесе барање

- Advertisement -spot_img

Американскиот милијардер Илон Маск поднесе барање за отфрлање на граѓанската тужба од Комисијата за хартии од вредност на САД, во која го обвинуваат дека предолго чекал во 2022 година за да го открие својот голем удел во платформата Twitter, подоцна преименувана во X.

Во тужба поднесена во федералниот суд во Вашингтон во јануари, Комисијата за хартии од вредност тврди дека Маск ги прекршил федералните закони за хартии од вредност со тоа што чекал 11 дена за да го открие своето првично купување на 5 проценти од обичните акции на Twitter.

Комисијата за хартии од вредност се обидува да го принуди Маск да плати граѓанска казна и да ја изгуби добивката за која комисијата рече дека е резултат на прекршувањето, објави Ројтерс.

Правилото на Комисијата за хартии од вредност (SEC) бара од инвеститорите да откријат во рок од 10 календарски дена кога ќе го преминат прагот од 5 проценти сопственост, што во случајот на Маск би било до 24 март 2022 година.

Комисијата за хартии соопшти дека Маск, на сметка на невнимателните инвеститори, наместо тоа купил акции на Твитер во вредност од повеќе од 500 милиони долари по вештачки ниски цени пред конечно да ги открие своите купувања на 4 април 2022 година, до кога тој поседувал 9,2 проценти удел.

Комисијата за хартии го тужеше Маск на 14 јануари, шест дена пред републиканскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата и го именуваше Маск за специјален советник за намалување на бројот на вработени и трошоците во федералната влада.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img