домаМакедонијаМарковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

Марковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

- Advertisement -spot_img

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него немало активна мерка што би го спречило да ја премине државната граница, објави „360 степени“.

Основниот суд во Струга вчера му го врати одземениот пасош на Марковски кој му беше одземен како мерка на претпазливост.

Од Министерството за внатрешни работи известиле дека мерките за забрана за напуштање на државата ги определува надлежен суд или друг надлежен орган, а полицијата постапува исклучиво по донесени и активни одлуки евидентирани во службените системи.

Марковски поседува компании и друг имот во Србија.

Инаку тој и уште седум други лица беа осомничени за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

Иако опремата воопшто не се планирала за во Битола, бил спроведен тендер, потпишан договор во висина од околу 1,7 милиони евра, а неговата компанија „Марковски компани“ како добитник ги демонтирала машините од Кичево, ги донела во Битола и ги оставила немонтирани во кругот на РЕК „Битола”.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img