Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за силување на дете под 15 години и за уцена со видео материјал кој го снимил за време на чинот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Скопје поднело кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Во 2025 година, пријавениот извршил обљуба врз малолетничка, при што снимал со телефон, а потоа видео материјалот го користел за да ја уценува.






