8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМакедонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

Македонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

- Advertisement -spot_img

Граничните премини во Македонија денеска и денес се под блокада за товарен сообраќај, откако македонските камионски превозници заедно со колегите од Западен Балкан започнаа седумдневен протест. Причината е воведувањето на електронската евиденција за престој во Шенген-зоната, која од април годинава ќе се применува според правилото 90/180 дена.

Според превозниците, новиот ЕЕС систем ги става во нерамноправна положба во однос на возачите од земјите-членки на Европската унија, кои нема да се соочуваат со исти ограничувања. Тие бараат посебен статус и да не се третираат како туристи при влез во Шенген-зоната, за да може нивниот професионален транспорт да продолжи непречено.

„Нашата цел не е да ја сопреме домашната економија, туку да покажеме што може да се случи ако проблемот не се реши. Кога на блокадата ќе се приклучат и други земји, како Турција, ќе имаме над милион тони стока што ќе остане блокирана. Тоа треба да биде јасен сигнал за сите,“ изјави Билјана Муратовска од асоцијацијата „Макам-транс“.

И покрај блокадата на товарниот сообраќај, патничкиот сообраќај на граничните премини се одвива нормално. Превозниците, сепак, предупредуваат дека долготрајни блокади не се одржливи и дека штетата за домашните производители и граѓани ќе расте, па доколку не се постигне договор, ќе бидат разгледани и други форми на притисок.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img