домаШоубиз„Македонски сновиденија“ во Охрид: фолклорот и џезот се среќаваат на Долни Сарај

„Македонски сновиденија“ во Охрид: фолклорот и џезот се среќаваат на Долни Сарај

- Advertisement -spot_img

Македонскиот фолклор ќе добие современ џез-звук на сцената на Долни Сарај, каде Националниот џез оркестар в петок ќе го изведе концертот „Македонски сновиденија“, во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот е закажан за 14 август од 21 часот, а со оркестарот ќе диригира Владимир Николов.

Проектот „Македонски сновиденија“ е замислен како енергична фузија на препознатливите македонски фолклорни мотиви со современиот џез-израз, преку нови аранжмани и оркестарски пристап.

Специјален гостин на концертот ќе биде трубачот Питер Сомуа од Гана, музичар кој живее и работи во Ротердам и чиј музички израз ги спојува африканските корени со современиот европски џез.

Настапот на Националниот џез оркестар е дел од музичката програма на годинашното „Охридско лето“, а амбиентот на Долни Сарај ќе биде сцената на која традиционалниот македонски звук ќе се сретне со современата импровизација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img