8.8 C
Skopje
6 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМакедонски Концепт предлага закон за забрана на комунистички симболи и идеологии

Македонски Концепт предлага закон за забрана на комунистички симболи и идеологии

- Advertisement -spot_img

Партијата Македонски Концепт повика на донесување резолуција и закон со кој би се ставила точка на, како што велат, глорификацијата на комунистичкото минато во Македонија. Според нив, примерот на Полска и Чешка, кои со закон ја изедначиле комунистичката и нацистичката пропаганда, претставува патоказ за земјите што се стремат кон целосна интеграција во Европската Унија.

Првиот предлог на партијата е усвојување на резолуција во Собранието, а потоа и закон со кој, според Македонски Концепт, ќе се затвори правната празнина што досега овозможувала промовирање на тоталитарни идеи. Законското решение би ги забранило јавната употреба на комунистички симболи, како и организирањето говори или собири кои поттикнуваат омраза или нарушуваат човекови права, исто како што се третираат нацистичките идеологии.

Покрај тоа, партијата предлага и конфискација на економските и политичките привилегии стекнати во периодот на комунизмот, како и официјално признавање на криминалите извршени во тоа време. Се бара и забрана за финансирање на движења и политички субјекти кои, според нив, промовираат тоталитарни идеи.

Според Македонски Концепт, обвинувањата од левичарските кругови дека овие иницијативи претставуваат „напад врз демократијата“ се само начин да се избегне соочување со историското наследство. Тие истакнуваат дека вистинската заштита на демократијата не се мери со забрани или цензура, туку со јасно одвојување на отворениот политички дијалог од секоја форма на глорификација на тоталитарните режими.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img