10.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионМакедонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации

- Advertisement -spot_img

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во написот „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“, објавен на бугарскиот интернет-портал „Буревесник.бг“. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Албанија.

Во текстот директно се напаѓаат претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, потпретседателот Ефтим Митрефски, како и членот на Централниот комитет, Никола Ѓурѓај. Овие написи претставуваат продолжение на долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и македонскиот идентитет.

Македонска алијанса за европска интеграција со години доследно се бори против агресивната политика на Бугарија во Албанија, насочена кон асимилација на македонското национално малцинство. Таквата политика, која користи методи од 19 век, е спротивна на европските вредности и основните човекови права. Реакциите на МАЕИ не се говор на омраза, ниту израз на нетрпеливост кон бугарскиот народ, туку легитимна и демократска борба за заштита на македонскиот идентитет и правата на Македонците во Албанија. Бранeњето на сопствениот идентитет како Македонец не значи „бугаромразство“.

За изнесените манипулации и клевети, МАЕИ ќе поднесе тужба за клевета пред бугарските судови против интернет-порталот „Буревесник.бг“ и новинарот Петар Стефанов.

И покрај притисоците со кои сме постојано соочени – преку разни методи, монтирани тужби пред албанските судови и други обиди за заплашување – Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи одлучно да се бори против негацијата на македонскиот идентитет од страна на бугарските оркестрирани структури, како во Албанија, така и во европските институции.

Извор: vesnik-ilinden

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img