домаСпортМакедонија има нов европски шампион: Илиоски ја „запечати“ титулата во Молдавија!

Македонија има нов европски шампион: Илиоски ја „запечати“ титулата во Молдавија!

- Advertisement -spot_img

Македонскиот мотокрос натпреварувач, Христијан Илиоски, е европски шампион на БМУ во класата MX1 за 2026 година. Тој ја обезбеди титулата две рунди пред крајот на сезоната, откако на седмата рунда во Унгени, Молдавија, забележа две убедливи победи.

Илиоски беше неприкосновен на патеката и во двете трки стигна до првото место, освојувајќи максимални 50 поени од викендот. Неговиот најблизок конкурент, Турчинот Јигит Али Селек, двапати заврши втор и освои 44 поени.

Пред стартот на седмата рунда, Илиоски имаше 229 поени, а со максималниот учинок во Молдавија стигна до 279 поени. Селек, пак, од 129 стигна до 173 поени. Тоа значи дека Илиоски има 106 поени предност пред својот најблизок конкурент, додека до крајот остануваат уште две рунди – во Севлиево и Трикала. Бидејќи во останатите четири трки можат да се освојат најмногу 100 поени, титулата веќе математички е во рацете на македонскиот возач.

  • Убав викенд во Молдавија, а уште поубава беше патеката. Во двете трки го освоив првото место и со тоа си ја обезбедив титулата за 2026 година, иако остануваат уште две рунди до крајот на сезоната, изјави Христијан за „Мотори“.

Илиоски им се заблагодари и на своите спонзори за поддршката, нагласувајќи дека зад големиот успех стојат години исполнети со различни предизвици.

  • Низ годините имаше и лесни и тешки моменти, но успеав да бидам шампион во 85, MX2 250 и MX1 450, додаде македонскиот шампион.

Оваа сезона, Илиоски практично ја контролираше борбата за титулата од самиот почеток. Еден од највпечатливите настапи го имаше во Хајраболу, Турција, каде што исто така освои максимални 50 поени со две победи.

По шестата рунда во Кортен, Бугарија, Христијан веќе имаше 229 поени и убедлива предност во генералниот пласман. Настапот во Унгени само ја потврди неговата доминација и му ја донесе шампионската круна пред самиот финиш на сезоната.

За Илиоски, ова е петта БМУ европска титула во кариерата. Македонскиот мотокрос ас досега освојуваше шампионски титули во различни класи – 85cc, MX2 250 и MX1 450. Со новиот трофеј, тој стигнува до неверојатни 18 шампионски титули во кариерата – 13 национални и пет европски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img