домаМакедонијаМакедонија за една деценија изгубила речиси 9.000 првачиња: 26 рурални училишта без...

Македонија за една деценија изгубила речиси 9.000 првачиња: 26 рурални училишта без ниту еден прваче

- Advertisement -spot_img

Утре почнува новата учебна година: за една деценија Македонија изгубила речиси 9.000 првачиња. Околу 14.500 досега се запишани за учебната 2026/2027 година, а конечната бројка ќе биде позната по завршувањето на уписите во септември, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Падот на наталитетот е една од причините, но најголемата е иселувањето. Последиците веќе се чувствуваат и во училишната мрежа, бидејќи годинава бројот на паралелки е намален за околу 200 во основното и за уште 100 во средното образование.

Истовремено, 26 рурални училишта во кои нема ниту едно запишано прваче треба да престанат со работа, а во дел од нив моментално учат само од пет до осум деца. Додека руралните средини остануваат без ученици, во делови од Скопје има недостиг од училници и потреба од проширување. Ова укажува и на силна внатрешна миграција кон главниот град.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img