HomeМакедонијаМакедонија во светските клиники – кардиохирурзите Др. Александар Колев и Др. Кујтим...

Македонија во светските клиники – кардиохирурзите Др. Александар Колев и Др. Кујтим Џелили на обука во Франција

- Advertisement -spot_img

Кардиохирурзите од ЈЗУ Клиника за кардиохирургија – Скопје, д-р Александар Колев и д-р Кујтим Џелили, престојуваат на Универзитетската болница во Бордо, Франција, каде што посетуваат специјализирана работилница посветена на најсовремените техники во кардиохирургијата.

Под менторство на професорите Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, тие се обучуваат за минимално инвазивни процедури, како и за употребата на роботскиот систем „Да Винчи“ при поправка на митралниот залисток. Во текот на престојот, двајцата лекари имаат практични тренинг-сесии со работа на реални модели, применувајќи дел од најновата медицинска апаратура што се користи во водечките кардиохируршки центри.

„Кардиохирургијата постојано напредува и наша должност е да останеме во тек со новитетите, со цел да им обезбедиме врвен третман на пациентите во Македонија“, истакнува д-р Колев.

Престојот во Франција е дел од континуираните активности за подигање на стандардите и воведување на напредни хируршки техники во домашното здравство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img