15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМакедонија на голем фудбалски тест во Гент — дуел со фаворитот Белгија

Македонија на голем фудбалски тест во Гент — дуел со фаворитот Белгија

- Advertisement -spot_img

Македонската фудбалска репрезентација вечерва се соочува со Белгија во критичен натпревар кој може да значи пласман на Светското првенство. Дуелот се игра во Гент со почеток во 20:45 часот и ќе се пренесува на МРТ.

Целата земја е зад своите играчи, со надеж и верба дека оваа генерација може да создаде историја. „Белгија е екстра квалитетна селекција и игра на домашен терен, но ретко која македонска генерација имала шанса да игра меч со вакво значење. Играчите мора да влезат на теренот со позитивна мисла и максимална верба дека можеме да оствариме голем резултат“, изјавија од Фудбалската федерација.

Македонските фудбалери се подготвени да дадат сè од себе, да се борат до последната капка пот и да покажат дека Македонија има квалитет за големи натпреварувања.

„Среќно на нашата репрезентација – нека натпреварот биде победнички и историски!“, порачаа навивачите, мотивирајќи ја селекцијата пред вечерашниот дуел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img