0.8 C
Skopje
28 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМакедонец во светскиот ТОП 5: неговите економски трудови меѓу најчитаните на планетата...

Македонец во светскиот ТОП 5: неговите економски трудови меѓу најчитаните на планетата според SSRN

- Advertisement -spot_img

Во 2025 година, македонски економист се искачи меѓу најпознатите истражувачи во светот во областа на економија, според бројот на прегледи на неговите научни трудови на глобалната академска платформа SSRN.


Филип Јолевски, кој работи како економист во Светската банка, оваа година е рангиран на 4. место во светот по бројот на прегледи на неговите истражувачки трудови во областа на економија, што претставува значаен меѓународен успех за македонската научна заедница.


Јолевски е особено признат за своите истражувања за влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и за анализа на неформалната економија, теми кои предизвикаа голем интерес низ академската заедница и меѓу практичари.


Неговите трудови не само што биле широко прегледани, туку биле и цитирани од влијателни економисти, вклучувајќи го и заменик претседавачот на Федералните резерви на САД, што дополнително ја потврдува научната вредност и интернационалната релевантност на неговите истражувања.
Исто така оваа година, Јолевски стана сколар во престижниот Меркатус Центар на Џорџ Мејсон Универзитетот во Арлингтон, САД, каде ќе продолжи со својата истражувачка работа.


Овој успех на македонскиот економист е ретка и значајна репрезентација на македонската научна мисла на светската сцена и може да придонесе за вистинско глобално внимание кон истражувачките потенцијали на земјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img