Првото судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица почна во мачна атмосфера. Родителите и роднини на починатите млади луѓе, со болка и солзи го следат рочиштето.
Во нивните души има и многу гнев кон сите, но особено кон газда Деко. Тие бараат правда за да се смират и нивните чеда во вечните почивалишта, а нивната болка велат, е ненадоместлива.
Ќас и половина судечкиот судија ги читаше податоците на обвинетите , нивните бранители. Во судницата се присутни и повеќе обвинители кои ги почнаа своите воведни говори.
Роднините слушаат , плачат и коментираат -за нив доколку се досудат 20 години затворска казна за дел од обвинетите правдата нема да биде задоволена, затоа што ги нема нивните 63 млади деца.
Својот гнев и болка ја истурија и врз бранителите и ги прашаа со кое лице и совест ќе се ситат и ќе земаат крвави пари.
Кога ги видоа адвокатите прокоментираа дека обвинетите избрале познати адвокати кои имаат свои математики за да ги уништат до крај оштетените.
Стравуваат дека повторно ќе бидат изманипулирани, а целиот случај ќе се забошоти, како што се случи со други некои трагедии.
Апелираат Министерството за здравство и сите надлежни да преземат мерки и да им помогнат на оние кои преживеаја, а се повредени и се опоравуваат.
Мајка чие дете го загуби во пожарот на медиумските екипи им понуди подготвено кафе во спомен на нивниот син кој многу сакал кафе.








