9.8 C
Skopje
11 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМаџити: Цветан Димов е стратешки инфраструктурен приоритет за Чаир

Маџити: Цветан Димов е стратешки инфраструктурен приоритет за Чаир

- Advertisement -spot_img

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на Град Скопје, а за проширувањето ќе треба да се експроприраат околу дваесет објекти.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Click Plus“ истакна дека за овој проект нема компромис, бидејќи станува збор за главна сообраќајна артерија на општината.

Најкритичната точка е зградата што останала уште од времето на комунизмот, објектот спроти училиштето „Лирија“. Останатите, вклучувајќи ги и привремените објекти, знаат каде се црвените линии. Објектите што ќе се уриваат ќе бидат обесштетени, бидејќи за тоа е предвиден буџет од 2–3 милиони евра. Тука нема компромис, ова е главната артерија на Чаир“, рече Меџити.

Проектот предвидува реконструкција на делницата од крстосницата со „Никола Карев“ до крстосницата со „Џон Кенеди“, со вкупна вредност од 150 милиони денари и рок за реализација во периодот 2026–2028 година. Во рамките на проектот ќе се решат прашања како изработка на проектната документација, експропријација на објектите, зачувување на постојните дрвја и планирање на централното зеленило.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img