Иако до Светското првенство во 2026 година има уште девет месеци, фудбалските фанови низ целиот свет веќе почнуваат со активности, што се гледа од бројот на апликации за првата фаза од продажбата на билети. Во првите 24 часа, примени се 1,5 милиони апликации од целиот свет, соопшти ФИФА.
Најмногу апликации дојдоа од САД, Мексико и Канада, по што следат Аргентина, Колумбија, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија.
Кој ќе добие шанса да купи билет ќе се одлучи со жрепка, а апликациите за првата фаза од продажбата на билети се прифаќаат до 19 септември. Сите апликации имаат еднакви шанси да бидат извлечени во жрепката, без оглед на тоа кога се поднесени. Навивачите ќе дознаат дали имале среќа во жрепката на 29 септември и ќе имаат рок до 1 октомври да купат билети.
Натпреварите од Светското првенство во 2026 година ќе се играат во 11 американски градови, два канадски (Торонто, Ванкувер) и три мексикански (Мексико Сити, Гвадалахара, Монтереј). Бројот на екипи учеснички на Светското првенство е исто така зголемен, од 32 на 48.
Втората фаза од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година ќе започне на почетокот на октомври.







