8.8 C
Skopje
17 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионЛокални избори во Косово: Српската листа ги освои сите општини на северот

Локални избори во Косово: Српската листа ги освои сите општини на северот

- Advertisement -spot_img

„Српска листа“ се враќа на власт во косовските општини со мнозинско српско население, две години откако Србите ги бојкотираа вонредните локални избори на северот на земјата.

По вчерашните редовни локални избори во Косово, претседателот на Српска листа, Златан Елек, изјави дека убедливо победиле во девет од десетте општини со мнозинско српско население.

Златан Елек – претседател на „Српска листа“

„Ќе имаме двотретинско мнозинство во сите десет општини, а она што е најважно е дека четирите општини северно од Ибар се вратени во српски раце“.

Трката за градоначалници останува отворена во клучните градови, вклучувајќи ги Приштина, Призрен, Пеќ, Ѓаковица и Митровица, откако ниту еден од кандидатите не обезбеди над 50 отсто од гласовите. Според прелиминарните резултати, 21 општина ја завршуваат трката уште во првиот круг. Демократската партија на Косово  победи без втор круг во Урошевац и Скендерај, додека Движењето „Самоопределување“  успеа да обезбеди победа без втор круг во Каменица, Подуево и Штиме.

Тензиите на северот на Косово пораснаа откако Србите ги напуштија сите косовски институции во 2022 откако не им беа исполнети барањата за поголема автономија, а следната година ги бојкотираа изборите. Поради тоа, кандидатите на партиите на косовските Албанци победија на изборите во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, што доведе до судири во кои се вмеша и КФОР. Централната изборна комисија соопшти дека изборниот процес генерално поминал мирно.

Сепак, Косовската полиција и Државното обвинителство иницираа два случаи за „Нарушување на тајноста на гласањето“ и „Нарушување на слободното одлучување на гласачите“. 

Претставници на ЕУ и дипломати, вклучувајќи ги британскиот амбасадор и амбасадорот на ЕУ кои ги набљудуваа изборите, ги оценија изборите како важни за демократијата и за очекуваното враќање на Србите во косовските институции. Вториот круг на локалните избори во Косово, во општините каде ниту еден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите, е закажан за 2 ноември.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img