домаМакедонијаЛевица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

- Advertisement -spot_img

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден.

Во делегацијата беа и членовите на Централниот комитет на партијата, Дејан Димовски и Виторио Зафировски.

Од Левица соопштија дека АСНОМ претставува најголема обврска преземена кон идните генерации и порачаа дека секоја генерација треба да се оценува според тоа дали ја оставила државата посилна отколку што ја наследила.

„АСНОМ е најголемата обврска преземена пред идните поколенија. Асномците не се бореа само за нивната генерација, туку за Македонија што ќе ја наследат тие што доаѓаат по нив. Затоа, секоја генерација има свое историско прашање – дали ја оставила државата посилна отколку што ја наследила?“, се наведува во соопштението.

Партијата оценува дека во изминатите три децении македонската политика повеќе ја ослабувала отколку што ја градела државата, намалувајќи го, како што наведуваат, просторот за суверенитет и оддалечувајќи се од идеалите на АСНОМ.

„Споменот на двата Илиндена е жив кај македонскиот народ и тоа е водечкиот идеал на чиј основ македонскиот народ ќе ја спаси и зачува Републиката“, порачаа од Левица.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img