Репрезентацијата на Аргентина во пријателски дуел ја демолира селекцијата на Буркина Фасо со 7:0, а она што мора да се напомене во оваа прилика е рекордот на Лаутаро Мартинез.
Тој реализираше во првиот дел од овој дуел, и со тоа, го израмни рекордот на сега пензионираниот Серхио „Кун“ Агуеро од 42 гола.
Со ова Лаутаро влегува во елитното друштво напаѓачи на Гаучосите и само двајца се поефикасни од него.
Батистута е втор со 54. гола додека неприкосновен секако е неповторливиот Лионел Меси со 125 гола.






