Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинес, конечно ги потврди информациите дека Барселона сериозно била заинтересирана за неговиот потпис.
Аргентинскиот напаѓач во изјава за време на „Гран Гала дел Калчо“ откри дека имал можност да се пресели на „Камп Ноу“, но решил да остане во Милано.
„Гласините за Барселона беа точни, но на крајот сакав да останам тука, со моите соиграчи и навивачите“, изјави Мартинес.
27-годишниот напаѓач истакна дека неговата поврзаност со Интер била пресудна за одлуката.
„За мене Интер е гордост, среќа и желба да продолжам. Сакам да постигнам големи работи со овој клуб“, додаде капитенот.






