Познатиот ирански политичар, Мохамед-Џавад Лариџани, братот на неодамна убиениот секретар на моќниот ирански Совет за национална безбедност, Али Лариџани, ја повика својата земја да биде подготвена за неколкугодишна војна со САД, јавува ДПА од Техеран.
„Она што ја држи настрана заканата од војна е нашата целосна подготвеност да се одбраниме“, рече денеска Лариџани во интервју за државната телевизија.
„Ако САД почувствуваат дека Иран е подготвен дури и за две или тригодишна војна, ќе сфатат дека не треба да ја продолжат војната“, продолжи тој.
„Мора да се подготвиме за воена економија за да се зголеми отпорноста на населението“, повика политичарот.
Семејството Лариџани се смета за влијателно во Иран. Пред војната, Али Лариџани се издигна и стана една од најмоќните личности во иранската структура на моќ, пред Израел да го убие во воздушен напад.
Неговиот конзервативен брат, Мохамед-Џавад, веќе осум години е член на иранскиот Парламент, а фокусот на неговата работа е надворешната политика, наведува ДПА.






