8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКузеска: Не допира гласот до Обвинителството за криминалните тендери на власта

Кузеска: Не допира гласот до Обвинителството за криминалните тендери на власта

- Advertisement -spot_img

Поминаа 50 дена од објавувањето на првите сериозни скандали поврзани со милионски тендери на власта, а институциите сè уште молчат, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција.

„Поминаа 50 дена од првите објавени скандали, од првите ‘бомби’ на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту една реакција од ниту една институција. Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминалните тендери на власта“, рече Кузеска.

Таа посочи дека нема реакција ниту од Државната комисија за спречување на корупцијата, ниту од Финансиската полиција, и дека, како што рече, институционалниот молк е алармантен.

„Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, но за сето тоа нема никаква институционална реакција“, истакна Кузеска.

Според неа, меѓу објавените случаи се и тендери во вредност од 9 милиони евра доделени на фирма основана во 2024 година, без историја и релевантно искуство и со само двајца вработени, како и 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра доделени на семејна фирма на Томовски.

„Не допира гласот до Обвинителството ниту за сомнителниот капитал кој преку Алта банка влегува во Македонија, иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка, како што објавивме, има цела структура на ВМРО“, рече таа.

Кузеска потсети и на објавените документи за тендери од 1,2 милиони евра доделени на фирми со минимален број вработени, како и на случајот со тендер во Пошта, за кој, како што наведе, биле објавени и документи и писмо од свиркачи.

„Ниту за овие скандали не допира гласот до Обвинителството, иако се јавно изнесени факти, бројки и докази“, нагласи портпаролката на СДСМ.

Таа посочи дека Антикорупцискиот тим објавил и повеќе случаи поврзани со фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, при што, како што рече, станува збор за 51 тендер од општините во вредност од околу 16 милиони евра јавни пари.

„Сопственикот бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ, а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми и води директно до кабинетот на премиерот“, рече Кузеска.

Според неа, ваквиот институционален молк укажува на обид власта да воспостави контрола врз судството и обвинителството.

„Затоа власта презема контрола врз судството и обвинителството, во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери. Нема бегање од одговорност“, порача Кузеска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img