домаМакедонијаКузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО...

Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

- Advertisement -spot_img

Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ, кажа денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа, зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски.

Поранешната обвинителка Ленче Ристовска, додаде таа, откри шокатни детали дека предметот бил одложуван и развлекуван.

„Обвинителството не се спротивставило ниту кога ВМРО побарало одлагање на рочиште иако нивното присуство не било законски задолжително. Сите овие одлагања довеле предметот да влезе во рокови што практично не му оставаат време на Апелациониот суд мериторно да одлучува. Ова се исклучително сериозни обвинувања од обвинителката која со години го водеше предметот. Ова е вистината. Дополнително, и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследности кај Обвинителството и на тоа дека ново назначениот обвинител не го прилагодил обвинението по измените на Кривичниот законик. Сѐ е јасно како ден“.

Ете како контролиранаото судство на Мицкоски, рече Кузеска, ја спречи конфискацијата на имотот на ВМРО и го спаси Никола Груевски.

Затоа Ристовска, оцени таа, беше тргната од предметите и ѝ беа одземени овластувањата.

„Јавно беа таргетирани судии и обвинители кои работеа на „Талир 1“ и „Талир 2“.
Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски.
Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон. Еве го денес резултатот од таквото партизирано правосудство.
Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата“.

Оваа пресуда, истакна Кузеска, е дело на контролираното правосудство од Христијан Мицкоски и најсилен доказ дека кога ВМРО ја контролира државата, нема правда, судството не им служи на граѓаните, туку за спас на криминалот на власта.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img