Кувајтските системи за противвоздушна одбрана денеска соборија 32 непријателски беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Кувајт.
„Беспилотните летала беа пресретнати и соборени. Пресретнувањето на овие непријателски цели доведе до паѓање на остатоци во неколку населени места, што предизвика материјална штета, но немаше повредени“, се наведува во соопштението.
Претходно денеска, Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) и армијата на Исламската Република Иран објавија дека извршиле повеќекратни напади врз американски воени цели во Кувајт, Јордан и Бахреин, вклучувајќи радарски системи, комуникациска инфраструктура, резервоари за гориво и локации каде што се распоредени американски трупи.






