12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија„Културата е душата на Прилеп“ - Проданоски за зачувувањето на културното наследство

„Културата е душата на Прилеп“ – Проданоски за зачувувањето на културното наследство

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес присуствуваше на отворањето на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во НУ Завод и Музеј – Прилеп.

Изложбата претставува резултат на долгогодишната соработка помеѓу НУ Завод и Музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата, со цел проучување на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. Посетителите имаат можност да се вратат 8.000 години наназад и да го запознаат секојдневието и духовниот живот на жителите од тоа време.

Проданоски, исто така, присуствуваше и на традиционалниот годишен концерт на Октет Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“, на кој ансамблот уште еднаш ја покажа својата посветеност кон негувањето на македонската песна и традиција.

„Искрени честитки до организаторите и учесниците на двата настани за нивниот придонес во збогатувањето на културниот живот на нашиот град. Прилеп со право може да се гордее со своето културно наследство и уметнички потенцијал,“ изјави Проданоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img