Точни се обвинувањата за полициска бруталност врз 15 годишниот малолетник во Охрид за кои претходно пишуваше ТВ 24 потврди денеска МВР од каде велат дека ќе следуваат кривични пријави и суспензија за двајца полицајци од Охрид и еден од Србија за “малтретирање во вршење на службата.”
Дополнуваат дека внатрешната контрола при МВР веќе поднела кривична пријава до ОЈО ГОКК а според пријавата, на 29 јули годинава во Охрид, тие го сопреле малолетникот кој возел мотоцикл без дозвола и се обидел да избега. Откако го фатиле, употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет, нанесувајќи му повреди по телото.За двајцата полицајци од Охрид ќе следува дисциплинска постапка и суспензија од работното место, а за полицаецот од Србија е испратено барање за службен разговор до надлежните органи во Србија.






