СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(35) с. Камењане, Општина Боговиње, А.М.(28) од с. Челопек, Општина Брвеница и С.А.(41) од с. Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „убивање и мачење животни“.
Како што информираат од полицијата, на 23. март годинава во објект на поранешен угостителски објект во с. Черкези, пријавените организирале и овозможиле борба со кучиња.






