домаХроникаКривична против директорот на болницата во Свети Николе, го оштетил министерството за...

Кривична против директорот на болницата во Свети Николе, го оштетил министерството за 75.000 денари

- Advertisement -spot_img

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Б. (63) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според пријавата, во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, пријавениот не постапил согласно одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна и општинска сопственост.

Како што информираат од МВР, тој без спроведување соодветна постапка и без обезбедување на потребната согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина, во вкупна вредност од 75.000 денари.

Со наведеното дејствие, според пријавата, С.Б. овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, при што на Министерството за здравство му била нанесена штета во истиот износ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img