7.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКривична пријава за поранешниот градоначалник на Пробиштип – издал одобрение на ресторан...

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Пробиштип – издал одобрение на ресторан изграден на забранета локација

- Advertisement -spot_img

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица на возраст од 61, 53 и 44 години, поврзана со издавање одобрение за градење угостителски објект – ресторан, во текот на 2023 година.

Истражувањето покажува дека двајцата вработени во Одделението за урбанизам во Општина Пробиштип не го одбиле барањето, и покрај негативното мислење од Електродистрибуција ДООЕЛ – КЕЦ Кочани. Во мислењето било наведено дека објектот не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи се наоѓа во близина на постоечки електроенергетски објект, што е спротивно на Законот за енергетика.

Сепак, одобрението за градење било потпишано од тогашниот градоначалник, овозможувајќи на инвеститорите да изградат ресторан на парцели кои не се наменети за таква градба.

Полицијата соопшти дека со овие постапки биле прекршени законските прописи, а по целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното обвинителство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img