домаМакедонијаКрај во боја и светлина: БИТ ФЕСТ 2025 заврши со Art Mapping

Крај во боја и светлина: БИТ ФЕСТ 2025 заврши со Art Mapping

- Advertisement -spot_img

Битола ќе ја заокружи летната културна сезона со свеченото затворање на 17-то издание на БИТ ФЕСТ 2025, кое ќе се одржи на 31 август, недела, на платото пред Офицерскиот дом, со почеток во 21:00 часот.

Во рамки на финалето ќе биде претставена завршната видео-презентација на проектот „Bitola Art Mapping“, кој ја трансформираше Битола во сцена за современа уметност и креативен дијалог. Главната цел на проектот е активирање на јавниот простор и поврзување на уметноста со граѓаните, создавајќи уникатно културно доживување.

Видеото ќе послужи и како културно-туристичка промоција на фестивалот, а содржините ќе бидат споделувани на социјалните мрежи на Општина Битола, во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и медиумите што ја следат фестивалската програма.

Фестивалот, кој траеше два месеци исполнети со култура, уметност и инспирација, ќе биде заокружен со оваа свеченост, повикувајќи ги граѓаните да го доживеат финалето на летото исполнето со уметност.

ЛИНК ДО ВИДЕО

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img