1.8 C
Skopje
16 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКостова на „жешко“ столче денеска на Бихаќка, кој ќе лета , кого...

Костова на „жешко“ столче денеска на Бихаќка, кој ќе лета , кого освен себеси Филипче ќе спаси?

- Advertisement -spot_img

Додека лидерот на СДСМ не размислува за оставка, неговите сопартијци веќе поднесуваат неотповикливи оставки од партиските функции. Костадин Ацевски, кој беше кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров и претседател на општинската организација денеска кажа дека се повлекува и порача дека потребно е оставка од целото раководство.

„Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период.“

Екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи се огласи и потенцираше дека фокусот на СДСМ не треба и не може да биде брзо менување на власта, туку зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата.

„Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде но особено во Кичево. Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.“

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупевска, во саботата поднесе оставка, а истата доаѓа во пресрет на најавената смена на раководството од страна на Венко Филипче по изборниот депакл на СДСМ на првиот изборен круг на локалните избори.

„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите на партијата како и поради разлики поврзани во методологијата кои влијаат на перспективите на СДСМ.“

Филипче не криеше уште по првиот круг на локланите избори кога СДСМ освои 125 000 гласови дека ќе го менува раководтсвото. Според неофицијалните информации на тв 24 од партиски извори во немилост на Бихаќка се потпретседателката Кристина Костова, која според информациите и по првиот круг најавила оставка, како и потпретседателот од Битола Методија Илиевски, но и еден од организациските секретари Љупчо Фармаковски. Висат и позициите на Мартин Костовски и Каја Шукова, кои изгубија како кандидати, но според проценките на Филипче покажале борба. Според истите извори лидерот на СДСМ сака да ги спаси заменик претседателката Фани Каранфиловска Пановска и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Филипче синоќа уште еднаш порача дека нема намера да се повлече.

„Не, јас кажав и минатиот пат. СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. Ова е секако поттик да продолжиме понатаму да се бориме против оваа власт која никогаш повеќе нема да има таква поддршка како што имаше на изборите минатата година.“

Социјалдемократите на овогодинешните локални избори добија вкупно шест градоначалнички места, односно во првиот круг добија поддршка во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани, а во вториот круг во Центар, Македонска Каменица и Зрновци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img