Полициски службеници од СВР Скопје рано утринава го лишиле од слобода Џ.К. од Косово, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет оштетил продажно место во круг на приватна болница на подрачјето на Карпош.
Како што информираат од полицијата, настанот се случил на 18 април 2026 година околу 04:40 часот, по што било преземено брзо постапување и осомничениот бил приведен.
При лишувањето од слобода, кај него бил пронајден и одземен предметот со кој е извршено оштетувањето. По насока на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
Се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.








