6.8 C
Skopje
23 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКомпаниите што работат по стандарди се партнер на државата – Божиновска со...

Компаниите што работат по стандарди се партнер на државата – Божиновска со порака за фер бизнис клима

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со концесионери од прилепскиот регион, на која се разговараше за инвестициите, предизвиците со кои се соочува секторот, како и за одговорноста кон државата, животната средина и граѓаните.

Божиновска потенцираше дека економскиот развој е неопходен, но мора да се одвива согласно јасни правила што важат за сите.

„Пораката е јасна – развој, да, но со почитување на стандардите. Компаниите што вложуваат и работат согласно прописите се наши партнери во развојот“, истакна министерката.

Таа најави засилено присуство на државата на терен, преку унапредување на инспекциските контроли, со цел да се обезбедат фер услови за сите учесници на пазарот.

Во таа насока, Божиновска најави дека наскоро ќе биде отворена канцеларија на Инспекторатот во Прилеп, што ќе овозможи поголем увид, подобра контрола и зголемена доверба кај граѓаните и компаниите.

„Дијалогот со индустријата продолжува, затоа што само со јасни правила и взаемна одговорност можеме да градиме стабилен и одржлив сектор“, нагласи Божиновска.

Министерката додаде дека Владата останува посветена на градење економија што создава вредност, но и на обезбедување придобивки кои граѓаните реално ќе ги почувствуваат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img