Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија.
Во образложението објавено на собраниската веб-страна се посочува дека Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 11 декември 2025 година, го разгледала Записникот од Осмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи одржана на 9 декември 2025 година, го прифатила предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврдила потребата да се продолжи кризната состојба до 31 декември 2026 година.








